Курдите тврдат дека убиле 75 турски војници во Сирија

Според истиот извор, уште 19 турски војници се повредени во нападите на Курдите..

Арапско-курдските сириски демократски сили ја нападнале турската армија во Рас ал-Ајин, при што загинале 75 турски војници и уништиле седум тенкови, јави курдската агенција Фират, пренесува БГНЕС.

Вчера, турското Министерство за одбрана соопшти дека стратешки важниот град Рас ал Ајин е под контрола на вооружените сили на Турција и на опозиционата сириска национална армија, кои ја водат офанзивата во северна Сирија.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top