Курир: Паника и страв во СДСМ по анкетата на институтот „Димитрија Чуповски“

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски има четири пати повисок рејтинг од лидерот на опозицијата Зоран Заев.

Паника и страв од нов пораз се шири во најголемата опозициска партија по објавувањето на резултатите од испитувањето на јавното мислење спроведенo од Институтот „Димитрија Чуповски“, пишува Курир. Резултатите од анкетата кои институтот ги објави вчера покажуваат голема предност на владејачката ВМРО-ДПМНЕ пред опозициската СДСМ.

Како што брифираат партиски извори од Бихаќка, убедливата предност на ВМРО-ДПМНЕ и лошата кондиција  на партиските структури на СДСМ се клучни за стравот и паниката во опозициските редови. 

Анкетата на институтот „Димитрија Чуповски“ покажува дека, доколку утре се одржат парламентарни избори, 26,1 отсто од испитаниците би гласале за ВМРО-ДПМНЕ, додека 15,1 отсто за СДСМ.

Фактот што според анкетата на „Димитрија Чуповски“, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски има четири пати повисок рејтинг од лидерот на опозицијата Зоран Заев, дополнително влева страв во раководството на СДСМ од предвремени парламентарни избори. 

Ова, како што коментираат партиски извори, е првата реакција на СДСМ по објавувањето на резултатите од страна на „Димитрија Чуповски“. Една од главните причини за паниката и стравот во опозициските редови е неподготвеноста на партиските структури за предвремени парламентарни избори. 

Дополнително, промените кои ги ветуваше раководството на СДСМ, не се испорачани, по што членството е уште повеќе разочарано од стапките на новото раководство. 

Според Институтот, премиерот Никола Груевски има 26,7 отсто доверба, додека нековиот политички опонент Зоран Заев, само 7,5 отсто. 


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top