Курир: Заев на инструкции кај Црвенковски за тоа „што понатаму“

Црвенковски го пофалил Заев за тоа како успешно го изигра моментот со Наташа Савова.

Зоран Заев очигледно не може сам да ја води партијата на која е лидер, па побарал помош од екс-претседателот Бранко Црвенковски, пишува Курир.

Според извори на порталот, деновиве се одржала средба на која Заев побарал совети од својот претходник за тоа како понатаму.

Црвенковски го пофалил Заев за тоа како успешно го изигра моментот со Наташа Савова, вештачки креирајќи несогласувања на Бихаќка. Целта на оваа “кавга“ всушност била да се создаде слика пред јавноста дека на Бихаќка нешто се менува.

Партиски извори на Курир велат дека Црвенковски го советувал неговиот наследник да престане со негативната реторика затоа што се добива впечаток дека сами се заплеткуваат кога меѓусебе си задаваат контра напади.

По средбата, Црвенковски јасно им дал до знаење на сите дека лично стои зад Заев и дека тој е негов пулен, во кој има максимална доверба.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top