Курти: На Србите на Косово им треба истото што и на Албанците

Лидерот на движењето Самоопределување и најверојатно следен премиер на Косово Аљбин Курти за телевизијата Прва зборуваше за продолжувањето на дијалогот на Белград и Приштина и за принципите на владата која би ја формирал..

„Ние се залагаме за една прогресивна влада, која ќе се фокусира на економскиот развој и владеењето на правото, ќе се бориме против корупцијата и криминалот, но ќе се бориме и за правда во општеството и институциите. Ќе бидеме прва влада на еднаквост и рамноправност, на која тоа ќе ѝ биде принцип и ќе ги третира сите граѓани без оглед на националната припадност“, кажа Курти.

„Ќе направиме договор со ДСК и потоа ќе видиме кој уште може да ни се придружи. Мислиме дека нашиот устав е доста јасен, ќе гледаме да има барем еден министер од српската заедница, но тоа не значи дека мора да биде од Српска листа. Но, ние ќе го почитуваме уставот. Не ни е потребна коалиција со Српска листа, но потребен е српски министер и ќе го има“, кажа тој.

Нведе и на кој начин би продолжил дијалогот и дали царините би се укинале.

„Ние ќе ги замениме царините со принципот на реципроцитет, а дијалогот ќе се одвива по јасни принципи, но дури откако ќе ги разгледаме тие 33 принципи од договорот од Брисел за време на шеста години од 2011 до 2017 и ќе разгледаме што е имплементирано од тие договори и каков бил ефектот врз животот на луѓето на Косово. Сметам дека е важно да имаме дијалог со Брисел и Белград и дијалогот да биде добро подготвен. Немаме веќе можност од дијалог кој ќе пропадне да одиме кон дијалог кој повторно може да пропадне“, кажа Курти.

„На Србите на Косово им треба истото што и на Албанците и на другите луѓе, без оглед на националната припадност. Тоа се работа и правда. Значи двете главни окупации на сите граѓани на Косово се исти. Ајде сега ние да направиме планови и активности на Косово врз основа на тоа што го имаме заедничко, а тоа е дека сите сакаме правда во општеството и институциите, и сакаме работа, особено за младите и жените“, кажа Курти.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top