Куртоа на ладење, не може да брани!

Навивачите на Реал Мадрид се пресреќни откако Тибо Куртоа го пропушти денешниот тренинг и најверојатно нема да биде во комбинација за дуелот со Гранада во следното коло од Ла Лига..

Белгиецот беше заменет на полувреме од натпреварот против Бриж и многумина тоа го оценија како казна од Зидан за неговите очајни реакции. 

Сепак, излезе дека има стомачен вирус поради кој не тренира деновиве.

Против Гранада најверојатно ќе брани Алфонс Ареола, а во првиот тим е вклучен голманот на Кастиља, Диего Алтубе.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top