Кутињо не отстапува: Ваков епилог никој не очекуваше, а откриена е и причината поради која сака да си оди

Бразилецот е одлучен во својата намера да се пресели во Барселона..

Филипе Кутињо сака да го напушти Ливерпул по секоја цена ова лето и да се пресели во Барселона каде го гледаат како замена за Нејмар, пренесува добро известениот „Скај Спорт“.

Имено, новинарот на „Скај“ со потекло од Барселона кој секогаш поседува добри извори, Гиљем Балаг, тврди дека Кутињо ќе направи се што е во негова моќ да прејде во Барселона ова лето.

Од претходно денеска е познато дека Ливерпул со свое официјално соопштение ги затвори вратите за Барселона, но дека Кутињо набрзо на тоа одговорил со барање да биде продаден.

„Кутињо се обидува да му објасни на Ливерпул дека негов сон е да прејде во Барселона. Тој веќе некое време е загреан за овој трансфер и мислите му се насочени кон Камп Ноу, бидејќи е добар пријател со Луис Суарез и сака повторно да играат заедно. Кутињо јасно има зацртано во својата глава ова лето да прејде во Барселона и подготвен е на се само за да го оствари тоа“, наведува Гиљем Балаг.

Поедини извори тврдат дека Кутињо би можел уште „поригорозно“ да бојкотира, а мејлот кој денеска го испратил на адреса на клубот е само почеток, бидејќи сакал на најкоректен можен начин да се прости од клубот.

Според информациите на „Би-би-си“, причината поради која Кутињо побарал трансфер во Барселона е лошиот однос со менаџерот Јирген Клоп. Бразилецот побара трансфер, но клубот го одби неговото барање, а сепак тој е упорен. Трансферот во Барселона е се поизвесен.

Сега притисокот е повторно врз Ливерпул, бидејќи е јасно дека на ниту еден тим не му е потребен незадоволен најдобриот играч во тимот.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top