„Квантас“ успешно прелета непрекинато од Лондон до Сиднеј

„Квантас“, најголемиот австралиски авиопревозник, успешно го реализира непрекинатиот пробен лет од Лондон до Сиднеј и тоа еден месец по рекордниот лет од Њујорк до Сиднеј..

Летот од Лондон до Сиднеј беше долг 17.750 километри и траеше 19 часа и 19 минути, соопшти „Квантас“ на Твитер.

Авионот „боинг“ 787-9“ полета зачера од аеродромот „Хитроу“ во Лондон, а во него имало вкупно 52 луѓе, вклучувајќи ја и шестчлената посада. Ова е втор ултрадолг истражувачки лет што го направи „Квантас“ во рамките на научната студија за намалување на ефектот на заморот на патниците. Во авионот било наточено максимано количество гориво што може да го прими тој тип авион, а бил ограничен и товарот за да може леталото без проблеми да лета непрекинато.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top