Квим Тора е избран за нов лидер на Каталонија

Пратениците на каталонскиот парламент со тесно мнозинство го избраа сепаратистот Квим Тора за нов лидер на шпанскиот регион..

Со ова е завршен периодот на шестмесечна криза за кое време Каталонија беше без влада.

За изборот на Тора, гласале 66 пратеници, 65 биле против, а четворица пратеници од крајно левата Кандидатура за национално единство биле воздржани.

На претходното гласање за време на викендот, Тора не успеал да добие поддршка од мнозинството пратеници.

Тора (55) е жесток националист избран од поранешниот каталонски лидер Карлес Пучдемон, кој е во Германија и чека одлука за екстрадиција во Шпанија.

Мадрид го терети Пучдемон за побуна и проневера на јавни средства, во врска со организирањето референдум за отцепување од Каталонија, што централните власти го забраниле.

Се очекува шпанската централна влада да ја укине својата директна управа на Каталонија откако Тора и новите каталонски министри ќе положат заклетва оваа недела.

Референдумот за независност на Каталонија е одржан на 1 октомври, а каталонскиот парламент на 27 октомври прогласил независност. Владата на шпанскиот премиер Маријан Рахој потоа ја сменил владата на Каталонија, го распуштил нејзиниот парламент и вовел директната управа на Мадрид во тој регион.

На изборите за парламент на Каталонија, кој Мадрид ги распиша за 21 декември, сепаратистичките партии повторно освоиле тесно мнозинство.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top