ЛА Лејкерс го сака играчот кој се „предозирал“ со гумени бомбони?

ЛА Лејкерс се заинтересирани за ангажман на Дион Вејтерс..

Бекот кој е трејдуван од Мајами Хит во Мемфис Гризлис, веднаш беше отпуштен, а сега моментално е без ангажман.

Претседателот и генерален менаџер на ЛА Лејкерс, Роб Пелинкa, најави дека ќе имаат разговор со Вејтерс наскоро.

Вејтерс беше суспендиран три пати, прв пат кога во клубот рекол дека има грип, а нешто потоа објавувал и фотографии од неговата јахта, за последен пат да биде суспендиран кога јадел гумени бомбони и го фатило паника во авион.

Четвртиот пик на драфтот во 2012 година, најдобрите партии ги одигра во Оклахома Танде рс, каде играше со Расел Вестбрук и Кевин Дурент.

Овој 28 годишен играч бележи по 13.2 поени по натпревар во кариерата.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top