Ла Лига конечно може да почне: Одреден датумот и првото дерби во Шпанија

Клубовите од Шпанија се подготвуваат со полна пареа за фудбал, бидејки најавено е дека од 12 јуни ќе може да се игра..

Ла Лига прекина да игра фудбал пред нешто повеќе од два месеци, а следниот месец се очекува конечниот рестарт на сезоната, или доигрување.

До крајот на Ла Лига има уште 11 кола, а се очекува сезоната да биде завршена до почетоикот на август.

Мадридскиот АС вечерва објави дека Ла Лига скоро сигурно почнува на 12 јули и тоа со едно од најголемите дербиња во Шпанија.

Челниците имаат план овој меч да се игра во петок, 12 јуни, меѓу градските ривали Севилја и Бетис, што во рамки на Шпанија е едно од најголемите дербиња.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top