Лабористичката партија се извини за „Високо-навредливото“ грчко-македонско мешање во кампањата на Гед Кирни

Бил Шортен и кандидатот на Лабористите за Бетмен, Гед Кирни се извини поради грешката на флаерите за кампањата..

Лидерот за Лабористичката партија, Бил Шортен, и кандидатот на партијата за изборната кампања за Бетмен, Гед Кирни, се извинија откако на флаерите на кампањата го употребија грчкиот текст под поднасловот "македонски" - грешка која ги налути Македонците во Австралија. 

На флаероти биле отпечатени информации за кампањата на неколку јазици, вклучувајќи арапски, италијански, виетнамски и грчки. Но, грчкиот јазик беше употребен и во македонскиот дел, наместо македонскиот јазик.

Во е-маил испратен до SBS News, во заедничката изјава на Шортен и Кирни се вели дека "искрено се извинуваат за оваа грешка и вознемиреност што ја предизвикаа".

"Произведена е грешка при печатењето на флаер што оваа недела се распространуваше, во кој што се гледа преведена порака на грчки јазик поставена под наслов" македонски ".

„Јасно е дека преведената порака требаше да биде на македонски јазик ... Ние не бевме свесни за тоа додека фалерот не беше раздаден по луѓето. 

„Го цениме важното учество на македонската заедница во Мелбурн и во електоратот на Бетмен."

Кампањата соопшти дека извината ќе биде дистрибуирана до Македонската заедница во Бетмен. Но, грешката веќе предизвикала гнев кај некои. Светскиот македонски конгрес за Австралија издаде јавно писмо во вторникот, изразувајќи "разочарување" при грешката. 

"Многу е навредливо и дискриминаторско да се наметне грчки превод на флаер, со оглед на тоа што македонскиот јазик е меѓународно признат јазик, дека има регистрирани австралиско-македонски преведувачи за македонскиот јазик во Австралија", рече непрофитната организација.

"Флаерот ги вознемири македонските емигранти, кои не читаат, зборуваат или пишуваат на грчки јазик и ова е провокација од страна на Австралиската Лабористичка партија, високо дискриминирачка против значителното австралиско малцинство".

Извор: SBS News


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top