Лајм: ДПА го добива Министерството за странски инвестиции, а Беса Министерството за култура

Министерството за култура и Министерството за странски инвестиции биле понудени на вчерашната средба на лидерите на ДПА и Беса, Мендух Тачи и Африм Гаши со премиерот Зоран Заев, пишува Лајм..

Денеска на пладне во салата на општина Тетово ќе се одржи централното собрание на ДПА на кое треба да се официјализира влегувањето на оваа партија во извршната власт. Неофицијално, ДПА ќе го раководи Министерството за странски инвестиции, а кандидат за тоа место е Бардил Даути, поранешен пратеник на оваа партија и кандидат за градоначалник на Тетово.

Актуелен прв човек на ова министерство е Рамиз Мерко од ДУИ.

Се очекува и Беса на Африм Гаши наскоро да соопшти дека станува дел од владината коалиција и дека ќе го води Министерството за култура. Актуелен министер за култура е Роберт Алаѓозовски од СДСМ.

Освен тоа, премиерот Заев на Тачи и на Гаши им ги ветил и сите заменички и директорски места што ги имаше Алијансата за Албанците која веќе не е дел од владината коалиција. 


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top