„Лајм”: Од каде ова пријателство на семејствата Заев и Харадинај?

Aлбанското население во Македонија, како и во Косово, не го изразуваат изненадувањето на семејното пријателство на Заев со Харадинај, но остануваат со прст во устата, да да!.

Од каде ова моментно семејно пријателство меѓу двата премиера на соседните држави? Кој беше главниот медијатор на ова пријателство и каде е целта на ова пријателство? Можеби? Пријателството на Мендух Тачи со Харадинај ги здружи семејно Заев со Харадинај, за да влезе ДПА силно со владини места во новата влада на Заев? Можеби? Ова се прашањата што ги поставува весникот на албански јазик „Лајм”.

Знаејќи за студените политички односи на Рамуш Харадинај со Али Ахмети, со цел и да ја порази ДУИ во исто време, заплашувајќи го лидерот на оваа партија, Заев се спријателува со косовскиот премиер? Можеби пријателството на двајцата премиери станува политичка стапица за ДУИ, поради  затворената група од Куманово, чии членови за време на војната во Косово беа соборци со Рамуш Харадинај. Многу „можеби“, а и други можеби...



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top