Lalor North College од Мелбурн воведува наставна програма за Македонски јазик

„Македонски Музички Хепенинг“ во СРЕДА на 22-ри МАРТ 2017.

Lalor North College ќе одржи „Македонски Музички Хепенинг“ во СРЕДА на 22-ри МАРТ 2017 во 6:30 часот попладне за да и презентира на заедницата дека Македонскиот јазик ќе биде вклучен во наставната програма за 2018 година како дел од јазикот на заедницата и Културна програма.

Македонскиот јазик ќе се воведе во Lalor North College по барање на заедницата. 

Учениците во Колеџот ќе имаат можност да го изучуваат Македонскиот јазик преку различни ситуации, преку интензивно изучување на јазикот и преку културата. 

Анета Вангелов ќе биде координатор на програмата, и таа моментално е  во тек со развојот на наставната програма.

Директорот на Колеџот John Conway и Заменик директорот Chris Peake се пресреќни поради оваа иницијатива за наставната програма и со нетрпение ја чекаат прекрасната вечер во Среда на 22-ри Март.

Македонскиот Музички Хепенинг е за да се прослави богатата традиција на Македонската Култура и претставување на новата програма пред заедницата.

Овој настан е бесплатен за сите - бесплатен влез, бесплатна храна и бесплатна забава. Сите цленови на Македонската заедница и пошироко се поканети да присуствуваат и да го проследат овој настан кој ветува забавна вечер за сите.

За БЕСПЛАТНИ ВЛЕЗНИЦИ контактирајте ја Elizabeth/Liz на 9401 3888 или на 0419568576 или 0425772976. 

Пријавувањето на присутните е потребно поради кетеринг услугата.

Настанот ќе се одржи во Lalor North College -114 Child's Road.

Англиската верзија на текстот погледнете ја ОВДЕ


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top