Лампард: Разочаран сум, се можеше да биде поинаку

Челси вечерва одигра под секое ниво, а тоа го призна и нивниот тренер по натпреварот..

Сините од Лондон скоро и да се отпишани од пласман понатаму, бидејки Баерн си заминува со големи 0:3 од ова гостување.

„Разочаран сум и изненаден од ова, сметам дека можевме повеќе од ова. Баерн Минхен има квалитетен состав и добро одиграа, но ова е една реална проверка на квалитетите, на индивидуално и колективно ниво, па да видиме како да се поправиме. Треба што попрво да се опоравиме од ова бидејки не очекуваат натпревар во Премиерлигата следниот викенд“, истакна Френк Лампард.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top