Лампард за Кепа: Знае дека погреши, пред него е само едно решение

Кепа Аризабалага на вчерашното дерби против Ливерпул направи кардинална грешка по која Ливерпул постигна гол, а тоа го искоментира и тренерот на Челси по натпреварот..

Лампард нема проблем директно да го посочи Кепа како еден од главните виновници за поразот, но истакна дека му е потребна и поддршка, која евидентно нема да ја добие од фановите.

„Ситуацијата околу Кепа е јасна, тој направи грешка која многу не чинеше. Од моја гледна точка таа грешка не чинеше бидејки бевме во период кога можевме да постигнеме гол. Тие маргини ги менуваат натпреварите. Но мора да продолжиме да работиме, поготово Кепа, кој е свесен дека направи голема грешка, самиот знае дека погреши. Но од друга страна, тој мора да добие поддршка, тоа е повеќе од јасно“, истакна Лампард.

Челси ова лето квалитетно се засилуваше, ги донесе во нападот Тимо Вернер и Каи Хаверц, па допрва треба нападот на „сините“ да биде корисен и далеку по ефикасен од почеток на сезоната.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top