Лани цела сезона даде два гола, сега на дебитo хет-трик за историја во Шпанија

Екипата на Севилја во првиот меч од новата сезона во Примера славеше убедлива победа над Рајо Валекано со резултат од 1-4..

Херој на андалузијците беше новото засилување Андре Силва кој на своето деби даде три гола со што влезе во историјата на Примера.

Португалецот е првиот фудбалер во последните 100 години кој на своето деби постигнал хет-трик.

За потсетување, Силва цела мината сезона даде два гола во дресот на Милан.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top