Лансирање ракета, Саудиска Арабија со обвинувања до Иран

Иран лансираше ракета.

Воената коалиција предводена од Саудиската Арабија го обвини Иран за лансирање на балистичка ракета од позициите на шиитските бунтовници Хути во Јемен, во насока на саудискиот главен град Ријад, предупредувајќи дека ова може да се „смета како воен чин“ и дека имаат „право на одговор“. 

Коалицијата предводена од Саудиска Арабија, исто така, го затвори пристапот кон Јемен од земја, море и воздух, откако пред два дена Ријад беше мета на балистичка ракета. Беше соопштено дека привременото затворање ќе ја има во предвид работата на хуманитарните групи. 

Саудијците велат дека ја погодиле ракетата пред таа да ја погоди целта. Иран ги отфрли обвинувањата на Саудиска Арабија, тврдејќи дека бунтовниците Хути ја лансираче ракетата во знак на одмазда поради „воените злосторства“ од страна на Саудиска Арабија во Јемен, кој е зафатен од уништувачка војна.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top