Латас не дојде во Суд, „Тотал“ се одложи

Главната расправа за предметот „Тотал“, во кој е осомничен новинарот Драган Павловиќ-Латас, е одложена за 14 мај, бидејќи Латас не дојде во Кривичниот суд поради здравствени и семејни причини..

Според обвинението на СЈО, осомничениот во периодот од 2008 до 2015 година одбегнал плаќање и затајувал данок.

Латас е обвинет заедно со три фирми: „Тотал маркетинг“ ДООЕЛ, „Тотал медија центар“ и „Медијамакс“, во кои тој се јавува како сопственик или управител.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top