Лавров: Грција не е таа што треба да направи отстапки туку Македонија

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на годишната прес конференција запрашан од грчки новинар околу преговорите за името со Македонија рече дека Руската Федерација ќе го признае било кое име кое ќе го договорат Скопје и Атина.

Спорот, рече Лавров заживеал дури откако САД одлучиле Македонија да влезе во НАТО. Според него Грција не е таа што треба да направи отстапки, бидејќи веќе е членка, туку тоа треба да го стори Македонија ако сака  да биде дел од Алијансата.

„Без разлика на кое име се одлучат Грција и Македонија за Бившата југословенска република и донесат одлука која ќе го одразува Уставот на земјата секој ќе го признае тоа. Но мислам дека секој ја разбира суштината на процесот. Не станува збор за земање предвид на заедничките и специфични карактеристики на овие две соседни земји. Поентата е што една од овие земји мора под итно да стане НАТО членка“, истакна Лавров.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top