Лазаров: Навивачите не задолжија и не заслужија ваква Македонија

Новиот квалитетен настап на големите собири на Кирил Лазаров не беше доволно Македонија да ја „преживее“ првата рунда и да обезбеди пласман во главната фаза..

„Црвено жолтите“, во одлучувачкиот натпревар комплетно потфрлија и изгубија од Австрија со 32-28. Покрај капитенот, светла точка на македонската ракометна репрезентација беа навивачите кои во „Штад Хале“ во Виена го оставија гласот на трибините.

Со ладна глава ќе треба и мора да ги анализираме работите од почетокот. Реков дека можеме да се носиме со Австрија, но не одигравме како што треба. Голманот на Австрија се разбрани, ја крена екипата и публиката и тоа беше почеток на нашиот крај. На сите нас не изненадија со играта против мене во одбрана и не натераа да правиме многу грешки од кои примивме лесни голови. Големо богатство е да се има толкава поддршка во туѓа земја. За крај би им се заблагодарил на сите македонски навивачи. Заслужуваме секаква критика и остануваме должни до наредниот пат. Капа до под за сите Македонци кои не бодреа, го почувствувавме тоа. – изјави Лазаров.

Македонската репрезентација се наоѓа пред крстопат и многу важно е да го фати правецот по кој се движеше повеќе од една деценија.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top