Лажен Повик на лажниот "Лидер", "Патриот" и "Спасител", Никола Груевски

Фејсбук статус на Нестор Огинар.

Беднику,

Ние Македонскиот народ ќе ти покажеме " што е Македонија" !

Лицемеру,

дури ни во твојот последен личен пораз , и како човек и како "политичар", не успеваш да смогнеш доблест и да признаеш , денес на само три дена пред Христовото Воскресение, и пред Бога и пред Македонскиот народ , дека со години ,смислено, систематски и подло, и го кршиш р'бетот на Македонија, ја постилаш на болна постела, го лажеш и ограбуваш Македонскиот народ и го туркаш во калта со која го обесчестуваш, за да потоа бараш, токму од тој ист Македонски народ , " да стане" ?!

Да " стане" за што и против што?!
Да стане за кого и против кого ?!
За тебе и твојата криминална мафија?!

Зарем не остана ниту ронка срам на твојот обесчестен образ!

Зарем не чувствуваш дека се распаѓаш од твојата внатрешна морална гнилеж, од твојата алчност за пари и власт, како Јуда Искариот, од твојата сурова нечовечност, од твојата студена дрскост и тврдоглавост, од твојот ограничен ум, од твојот недостаток на љубов , разбирање и совест за Македонските национални интереси.

За тебе нема ниту жал ниту сочувство, ниту проштевање , ниту Станување!

За тебе има само казна и од Македонскиот народ и од Бога Господа.

За тебе има само лежење во затвор!

И знај дека тоа ќе му се случи секому што ќе се пазари за Македонските национални интереси.

Единствено жалам што со твојот гнил, кукавички карактер ја зарази и партијата и државата и ги простре на земја за да денес бараш од нив да "станат" на твојот повик.

Но знај, ти недораснат сејачу на семето на раздор и омраза, Македонскиот народ е жилав, силен и мудар и наскоро навистина ќе СТАНЕ но не како одговор на твојот "повик" за братоубиствен судир, не како одговор на повиците на сите "Македонски" политичари и лажни месии, туку како одговор на својата сопствена национална Македонска свест, совест, чест и достоинство , и ќе ги најде правите луѓе , не во вашите партии, туку во своите сопствени редови.

Ние Македонците ќе ви покажеме што е МАКЕДОНИЈА !



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top