Лажна е веста на Александар Николовски дека ќе се затвора Дрексел Маер

Лажна е веста дека ќе се затвора фабриката „Дрекслмајер“ како што тврдеше на предизборен собир во селото Криволак носителот на листата на ВМРО-ДПМНЕ во четврта изборна единица, Александар Николовски..

Николовски рече дека СДСМ во минатото затворала гиганти, а сега го затворала Дрекслмајер, јави КТВ.

Од компанијата ги отфрлаат ваквите тврдења. И градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев во изјава за КТВ тврди дека фабриката не се затвора туку од август го интензивира своето работење. 

Јанчев апелира до политичките партии да не ги мешаат компаниите во предизборната кампања, информира Кавадаречката телевизија.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top