Лажна тревога: Нема ебола во Македонија!

Уште еден англичанец е хоспитализиран со истите симптоми..

Министерството за здравство соопшти дека Британецот не починал од ебола, туку дека се работи за друго вирусно заразно заболување, пренесе Вечер.

Во очекување сме на останатите детали од прес конференцијата.

Едно лице од Велика Британија почина во Скопје, со симптоми слични на ебола. Престојувал кај Мавровка во центарот на градот. 

Уште еден англичанец е хоспитализиран со истите симптоми.

Хотелот кај Мавровка е затворен од специјалните полициски сили и здравстените власти вршат увид на местото. Нема влез и излез од хотелот.

Претходно се појавија шпекулации и информации дека можеби се работи за државјанин за Норвешка.

Познато е само дека анличанецот не е дел од групата студенти од Африка кои пред некое време беа хоспитализирани со висока телесна температура.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top