Леброн Џејмс потпиша за Лос Анџелес Лејкерс

Трикратниоот освојувач на шампионскиот прстен во НБА лигата Леброн Џејмс потпиша договор со Лос Анџелес Лејкерс на 4 години и ќе заработи 154 милиони долари..

Со овој потпис се остварија прогнозите дека Леброн ќе замине од својот Кливленд, каде настапуваше последните сезони, откако остана без титула.

Сега останува прашањето дали популраниот „Крал“ и менаџерот на ЛА Лејкерс Меџик Џонсон ќе направат состав конкурентен на шампионот Голден Стејт.
Некои од играчите не стигнаа кај „езерџиите“ како Пол Џорџ, додека уште е актуелен трансферот на Кавај Ленард од Сан Антонио.

Инаку, Леброн Џејмс од 2003 до 2010 играше за Кливленд, потоа беше член на Мајами 2010-2014 и пак се врати во Кливленд од 2014-2018 година.

Покрај трите шампионски титули, четири пати беше прогласен и за МВП на сезоната.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top