Легањес се засили со Македонец од Австралија

Џејк Ангеловски, Австралијанец со македонско потекло е нов член на Легањес. 18-годишниот голман ќе настапува за младиот состав на шпанскиот тим, играчи до 19 години..

Младиот и талентиран голман Џејк Ангеловски од Мелбурн, кој има македонско потекло во иднина ќе го носи дресот на шпанскиот прволигаш Легањес од Мадрид. Тој деновиве потпиша договор со членот на La Liga. 

18- годишниот Ангеловски ќе настапува за првиот тим на Легањес до 19 години кој се натпреварува во најквалитетната шпанска лига за млади фудбалери до 19 години.

Џејк Ангеловски својот трансфер успеа да го реализира со помош на Genova International School of Soccer.

Како и секое дете со македонско потекло и Џејк првите фудбалски чекори ги прави во македнските клубови. Тренира и игра во Престон Македонија и Алтона Меџик Вардар. Има тренирано и во други клубови и фудбалски школи во Мелбурн.

Џејк успешно ги мина подготовките и пробите во Леганес по што следуваше и потпишувањето на договорот.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top