Легенда на Арсенал го купува Кристал Палас

Легендарниот дефанзивец на Арсенал и долгогодишен капитен на англиската фудбалска репрезентација, Тони Адамс го договорил купувањето мнозински акции во Премиер лигашот Кристал Палас..

Адамс, заедно со поранешниот извршен директор на Челси, по повеќе обиди, успеале да најдат европски инвеститор кој за 200 милиони фунти ќе го купи клубот од Селхрст Парк. Англиските медиуми шпекулираат дека имале обиди да го сторат тоа прво со Сандерленд, па со Астон Вила, но не успеале да најдат инвеститори кои би застанале зад нив.

Се уште не се знае што ќе стане со моменталниот менаџер на Кристал Палас, легендарниот Холанѓанец, Франк де Бур и што откупувањето би значело во однос на буџетот за трансфер.

Во декември 2015, Кристал Палас доби 50 милиони фунти за трансфери откако американските инвеститори Џош Херис и Дејвид Блицер откупија дел од акциите од претходното сопствеништво.

Претходно Адамс беше поврзуван со кинескиот бизнисмен Жијанг Лижанг, сопственикот на Линк Интернешнал Спортс, кој ја откупи шпанска Гранада и кој е косопственик на НБА клубот Минесота Тимбервулвс.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top