Легендарните Андрети и Менсел за трката во Канада: Ова е неприфатливо

Казната која го остави Себастијан Фетел без победата на Ф1 трката во Канада донесе многу реакции меѓу фановите, но и поранешните возачи кои ги следеа случувањата во Монтреал..

Еден од оние кои преку Твитер јасно го соопшти својот став е легендарниот Марио Андрети кој беше Формула 1 шампион во 1978 година.

– Мислам дека функцијата на стјуардите е да ги санкционираат намерните небезбедни потези, а не ненамерните грешки кои се резултат на жестоката трка. Она што се случи во Канада е неприфатливо на ова ниво во овој важен спорт, – напиша Андрети јасно застанувајќи на страната на Фетел кој се чувствуваше оштетено од стјуардите со петте секунди казна кои ги заработи.

На слична позиција е уште една голема легенда, а тоа Најџел Менсел. На сонародникот на Хамилтон не му се допадна ваквиот финиш на трката.

– Многу, многу засрамувачко. Нема посебно задоволство гледајќи ја оваа трка, двајца шампиони возеа одлично, а на крајот заврши со лажен резултат, – напиша Менсел.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top