Легендата на Арсенал кој размислуваше за самоубиство заврши во болница

Поранешниот англиските репрезентативец и некогашна легенда на Арсенал, Кени Сансом е хоспитализиран денес во болница..

Но не станува збор за корона вирус што и официјално е потврдено. Сансом кој има 61 година е во болница од каде што истакнаа дека се чувства добро.

Овој фудбалер за селекцијата на Англија оствари 86 настап и беше дел од СП во 1082 и 1986 година.

Во текот на својата кариера покрај за Арсенал настапуваше и за Кристал Палас, Њукасл, КПР, Ковентри, Евертон, Бренфорт и Вотфорд.

Сансом имаше проблеми со алкохолот и коцката, па многумина се сомневаат дека можеби и поради тоа завршил во болница. Во 2015 година призна дека размислувал да се самоубие поради тоа што станал бездомник.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top