Легендата на Јунајтед: Каков дефанзивец, сите добро знаеше што е потребно во тимот

Манчестер Јунајтед иако ова лето се засили квалитетно во одбраната, сепак тоа во многу натпревари останува црна точка за нив..

Минатото лето пристигнаа Хари Мегваер и Арон Ван Бисака, но уште одбраната не им е цврста како што посакуваше Солскјер.

И покрај сето тоа, легендарната деветка на Јунајтед, Енди Кол, упорно тврди дека им е потребен играч за креативност во играта.

„Би бил изненаден доколку Манчестер Јунајтед повторно не потроши пари на играч во дефанзива, а сите добро знаеме дека ни е потребна креативност, уште еден напаѓач и едно крило“.

„Не велам дека не би било одлично да се има уште еден одличен дефанзивец, но сега потребен ни е играч на други позиции. Се што има за цел во моментов Манчестер Јунајтед, е да биде во топ4 на крај од сезоната. Мора да излезат на пазарот и да бараат креативен играч“, порача Енди Кол.

Јунајтед денеска има тешко гостувањето на Енфилд против Ливерпул, „ѓаволите“ се единствената екипа која сезонава им откинаа бодови на Ливерпул, а црвените се спасуваа на крајот од пораз на Олд Трафорд.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top