Легендата на Ливерпул: Овој играч е најсебичниот во шампионската генерација на тимот

Славниот фудбалер на Ливерпул од минатото, Грем Сунес, кој периодов е стручен аналитичар и чест гостин во студиото на Скај Спорт, истакна дека според него, Мохамед Салах е себичен фудбалер..

Сунес кој своевремено со Ливерпул три пати беше шампион на Европа, смета дека Салах е себичен играч и дека нему исклучително му е значајна наградата „Златна копачка“.

„Се гледа дека таа награда му е важна многу. Можевте да видите негова реакција кога соиграчите ќе му испратат лошо додавање во завршница од нападот, или кога не сакаат да го проиграат“.

„Шутира кога и да стигне, анеговите соиграчи не се баш задоволни од тоа. Тој е секогаш себичен, но синоќа беше посебно себичен. Беше супер себичен, Салах е сконцентриран на постигнување голови“, рече Сунес.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top