Легендата на Реал искрена: Без Меси, „Златната топка“ ја загуби својата смисла

Некогашниот фудбалер, а потоа и тренер на Реал Мадрид, како и селектор на шпанската репрезентација, Висенте Дел Боске, во интервју за „Марка“ зборуваше за многу теми поврзани со фудбалот..

Меѓу останатото, Дел Боске се осврна и на „Златната топка“, а еден од најдобрите шпански тренери на сите времиња смета дека таа ја загуби својата смисла.

„Многу сум изненаден што Меси не е тука. Мислам дека наградата ја загуби својата вредност и дека повеќе не ги вклучува најдобрите играчи на светот. Тоа ми е малку чудно“, изјави тој.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top