Легендата на Сити си оди од Англија, следна дестинација - Милан!?

Играчот за врска на Манчестер Сити, Давид Силва неодамна изјави ова е негова последна сезона во актуелниот англиски првак и дека летово ќе си замине по точно една деценија во клубот..

Многумина го поврзуваат со трансфер во САД или Јапонија, но во трката по неговиот потпис неочекувано се вклучи Милан. Со оглед на тоа што има 34 години, Шпанецот треба да ја преземе лидерската улога во тимот имајќи предвид дека Златан Ибрахимовиќ речиси сигурно ќе си замине во текот на летото.

Единствен проблем е неговата возраст, јасно е дека Силва не може да игра во Милан повеќе од сезона-две и би требало само да помогне во развојот на тимот, односно созревањето на дел од младите играчи.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top