Лек за кој се тврди дека го уништува ракот ќе почне да се тестира на луѓе

Според The ​​Week, се подготвува тестирање на лекот на луѓе бидејќи тестирањето на глувци, според истражувачите, минало неверојатно добро..

Научен тим од Универзитетот „Стенфорд“ развил лек за рак за кој тврди дека само со една инјекција во туморот стимулира имунолошка реакција на организмот која ги напаѓа и сите други тумори што можеби метастазирале во телото. Ова значи дека лекот може да биде надеж, па дури и повеќе од тоа, за пациентите со поодмината фаза на рак, чии шанси за лекување во денешни услови се сметаат минимални.

Според The ​​Week, се подготвува тестирање на лекот на луѓе бидејќи тестирањето на глувци, според истражувачите, минало неверојатно добро. Деведесет проценти од третираните животни биле излекувани само по една инјекција, а другите по уште една. Лекот дејствувал дури и кај глувци кај кои ракот се проширил по целото тело.

Бидејќи една доза на лекот се чини дека е доволна, истражувачите тврдат дека ќе биде ефикасен и што е уште поважно, веројатно нема да има несакани ефекти врз организмот какви што предизвикуваат другите медоти за лекување рак.

Истражувањето во врска со овој неверојатен лек беше објавено во научното списание Science Translational Medicine. Иако оваа терапија се нарекува вакцина против ракот, разликата во однос на вакцината против грипот и другите инфекции е дека оваа вакцина се дава на луѓе што се веќе заболени, а не како превентивна мерка.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top