Л’екип: ПСЖ е спремен да го продаде Нејмар!

Францускиот првак ПСЖ наводно е спремен да го продаде најскапиот фудбалер на светот Нејмар..

Францускиот првак ПСЖ наводно е спремен да го продаде најскапиот фудбалер на светот Нејмар.

Така барем тврди реномираниот Л’екип кој пренесува дека раководството на ПСЖ одлучило дека Нејмар може да замине, ако во клубот пристигне соодветна понуда.

Нејмар веќе неколку време се поврзува со заминвуање од клубот. Долго време се споменува евентуален трансфер во Реал Мадрид, но во последно време француските и шпанските медиуми тврдат дека Бразилецот би можел да се врати во Барселона.

Токму од каталонскиот тим бразилскиот фудбалер пристигна во 2017. година за рекордни 222 милиони евра и на тој начин стана најскапиот фудбалер на светот.

Нејмар моментално се оправува од повредата на стапалото. Надвор од теренот ќе биде нешто повеќе од месец дена, но би требало да биде потполно спремен за старт на новата сезона.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top