Лестер се „засили“ со играч од фудбалски клуб кој го „нема“ на фудбалската мапа

Лестер Сити минатата сезона беше вистинска фудбалска сензација во Европа, кога станаа шампиони во Премиерлигата, а сезонава воопшто не се ни одблиску како и минатата сезона..

Меѓутоа, по промената на тренерското кормило, и заминувањето на Клаудио Раниери, дојде еден фудбалски Шекспир, кој ја закрши шампионската екипа, и успеа донекаде да ги подигне од дното во кое беа западнати.

Голем бонус за Лестер сезонава е што играат во нокаут фазата од ЛШ, пред се во финансиски аспект, со што сега ќе имаат пари и за трансфери ова лето.

Но малкумина очекуваа дека Лестер ќе донесе играч за идната сезона кој воопшто не е познат во европски рамки. Во моменти кога во Лестер се најавуваат посериозни имиња, клубот од „Кинг Пауер“ донесе засилување од 6. лига.

Во прашање е Џош Гордон кој во Лестер доаѓа како слободен играч. Тој до неодамна настапуваше за Нантвич Таун и Статфорд Ренџерс. Овој фудбалер игра на крилната позиција, а во Лестер доаѓа со етикета како „нов Варди.



Copyright 2016 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top