Летало на НАСА за првпат забележа „марсотрес“

Роботското летало „Инсајт“ на НАСА, кое од ноември минатата година се наоѓа на Марс забележа благ потрес на Црвената планета..

Аганцијата АП информира дека се верува оти станува збор за првиот „марсотрес“ некогаш регистриран.

Според информациите, мониторот за потреси вграден во леталото, регистрирал слаб сигнал на 6 април, а научниците синоќа одлучиле ваквата вест да ја споделат во јавноста.

Иако е забележан шум кој потсетува на нежен ветер, научниците веруваат дека звуците доаѓаат од внатрешноста на Марс.

Францускиот научник, Филип Лонжон, кој е задолжен за овој експеримент бидејќи европските вселенски агенции го опремиле леталото „Инсајт“, рекол дека возбудливо е тоа што конечно имаме доказ оти планетата е сеизмички активна.

Научниците продолжуваат да ги анализираат добиените податоци, како и три послаби сеизмички сигнали што се забележани.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top