Левица бара институциите да реагираат на „флагрантното кршење на законите во врска со Апасиев“

Новата Влада предводена од СДСМ противзаконски се обидува да изврши притисок врз нашите најистакнати членови..

Партијата ги повикува институциите да реагираат на ова флагрантно кршење на законите од највисоките државни институции, за што ќе биде поднесено и соодветна претставка. Нашата борба е идеолошки чиста и нема да ви поминат ваквите обиди за заплашување и реваншизам, се вели во реакцијата на Левица.

На ова реагираше и Апасиев кој на својот фејсбук-профил напиша: „Ете како оваа тоталитарна власт се справува со своите политички неистомисленици. Па ова и Грујо не го правеше бе, драги мои социјал'демократи'. Баш би сакал да го чујам мислењето на владиниот портпарол, на поранешната министерка и на актуелниот заменик-министер за образование за 'неприкосновената автономија на Универзитетот'“, напиша Апасиев.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top