Либанските власти се обидуваат да се спасат, луѓето сакаат да ја урнат целата политичка елита

Гневните и нажалени демонстранти во Бејрут ги читаа имињата на 171 човек кои минатата недела загинаа во експлозијата која се случи во локалното пристаниште и уништо голем дел од градот, повикувајќи на оставка на либанскиот претседател.

Собрани во близина на местото на самата експлозија, жителите носеа фотографии на жртвите, а на големите екрани се вртеа снимки од експлозијата и облакот чад кој на 4 август се појави над Бејрут, откако детонираше високо експлозивен материја кој таму со години бил чуван без почитување на безбедносните стандарди.

Во експлозијата беа повредени околу 6.000 луѓе, а стотици илјади останаа без своите домови.

„Тој знаел“, пишуваше на постерот преку фотографијата на либанскиот претседател Мишел Аун.

„Како доаѓаат владите, така и заминуваат. Продолжуваме додека не заминат и претседателот на држават и претседателот на парламентот“, пишуваше под фотографијата.

Аун и премиерот наводно во јули биле предупредени за небезбедниот магацин со амониум нитрат, покажуваат документи и безбедносни извори.

Либанскиот претседател, кој најави брза и транспарентна истрага, во вторникот на Твитер објави: „Им ветувам на сите Либанци кои страдаат дека нема да сопрам додека не бидат познати сите факти“.

Во вторникот во 18:08 часот низ градот ѕвонеа црковните камбани, а џамиите повикуваа на молитва за да се одбележи точниот момент кога се случи експлозијата која се почувствува и до Кипар.

Десетина дена подоцна таа експлозија изгледа како потенцијална точна на пресврт за либанската политика, која веќе беше во криза поради секташките поделби, раширената корупција и длабоката економска криза влошена со пандемијата на коронавирусот.

Еден од демонстрантите кои маршираа во бејрутското пристаниште е Али Нуредин, чиј брат војник загинал во трагедијата.

„Мојот брат загина поради државните негрижа и корупција“, кажа Али, држејќи фотографија од својот 27-годишен брат Ајман.

Али ја отфрли оставката на целокупната влада на премиерот Хасан Диаб во понеделникот како неважна ако не ја следи целосно отстранување на либанската политичка елита.

„Промената ќе се случи дури откако целиот режим ќе се смени. Се надевам дека овие млади луѓе тука и смртта на мојот брат ќе донесат некоја промена“, кажа тој.

Диаб во говорот по повод оставката себеси се претстави како борец против корупцијата која ја нарече поголема од државата, иако многумина го сметаат за марионета, а не за жртва.

Неговото заминување некои го сметаат за нова победа на протестното движење кое минатата година ја урна претходната влада, но други предупредуваат дека истите лица би можеле набрзо да се вратат на власт.

„Тоа е долга борба која нема да сопре за месец или два“, истакнува активистот и адвокат Хусеин ел Ачи. „Но политичката елита слабо „стои“, никогаш не била послаба, дури и меѓу своите поддржувачи“, истакна тој.

Протестите во Бејрут продолжуваат шеста вечер по ред, а десетици демонстранти се судираат со силите за безбедност во обид да ги тргнат бариерите поставени да го заштитат парламентот.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top