Лицемерие кое не поминува ниту во циркузот Медрано

Фејсбук статус на Проф. Д-р Јове Кекеновски.

Добро бре ф..........и дечки.!
Дали толку многу сте сигурни дека сме толку еб....и во нашите мозоци, па си доволувате и понатаму да не еб...е во здрав мозок?

1. Сега нудите НАЦИОНАЛНО ОБЕДИНУВАЊЕ – а истите Вие не поделивте на антички и на словени, на предавници и шпиони, на студентски пленуми и контрапленуми, на професори и контра професори, на ваши и наши. Едноставно нема област каде не не поделивте. П.С Добро е што не ви текна да не поделите на криминалци и чесни, зошто однапред се знаеше кој на која група си припаѓа. 

2. Нудите ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО – а истото го испогазивте на сите можни начини. Нема принцип односно начело на владеење правото (примарно значење на човековите права и слободи, ограничена државна власт, почитување на начелото на поделба на власта и правна сигурност на човекот и граѓанинот) кое не е девалвирано и погазено до максимална можна граница. Демек сега ќе сте го почитувале правото, а истовремено имате страв во коски да излезете на сослушување пред СЈО или пред редовните судови.

3. Нудите ДА НЕ СЕ ПРОМЕНИ ИМЕТО (тука се согласувам во целост). Ама како тоа Вие цело време преговаравте за промена на името?. Од прислушуваните разговори слушнавме дека промената на името веќе било договорена работа, само се чекала грчка согласност и да одиме на референдум. Добро е што не прифатија грчките власти, инаку одамна ке го видевме вашиот лажен патриотизам.

4. Сега нудите ПОПИС НА НАСЕЛЕНИЕТО - а досега 10 години никој не ви бранеше да направите попис. Напротив имавте законска обврска да направите попис доколку не бевте сервилни и уплашени од вашиот коалиционен партнер ДУИ и не ви беа преслатки и удобни фотељите.

5. Нудите ПАЗАРНА ЕКОНОМИЈА за подобар стандард, а истите Вие не задолживте до гуша.

6. Нудите РЕДОВЕН ПОЛИТИЧКИ ДИЈАЛОГ - А кој спречуваше досега дијалог или пак кој не прифаќаше и се плашеше од дијалог?

Добро бре дечки имате ли малку усул и барем 1 мм2 чист образ. Функцијата е минлива и менлива и треба да се погледнеме во очи и во иднина. Па нели гледате дека сте како усрани паљачовци. Не сте интересни ниту за циркусот МЕДРАНО.

П.С. Сето ова е возможно во нашата држава само без криминализирани партиски и политички структури од ниту една страна.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top