Лидерот на Хезболах тврди дека Саудиска Арабија му објавила војна на Либан

Лидерот на Хезболах, Саед Хасан Насралах, тврди дека Саудиска Арабија им објавила војна на Либан и Хезболах.

Тој рече дека либанскиот премиер Саад ал Харири, кој поднесе оставка за време на престојот во Ријад, е задржан во кралството.

Насралах изјави дека апсењето на Харири е навреда за целиот либански народ и тој мора да биде вратен во Либан.

Истовремено, изрази сигурност дека Харири бил принуден да даде оставка и дека тоа, според него, е дел од политиката на Саудиска Арабија за предизвикување секташки тензии во Либан.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top