Лидерот на опозицијата во Викторија, Метју Гај поднесе отставка

После големиот пораз на Викториските избори, Метју Гај се повлече од лидерската позиција..

После неколку дена размислување за неговите опции, Метју Гај изјави утринава дека се повлекува од лидерската позиција во Либералната Партија.

"Сега кога партијата е свикана заедно, тие ќе изберат нов лидерск", рече Г-дин Гај.

Кандидатот во сенка Мајкл О'Брајан и генералниот секретар, Џон Пезуто, се водечки кандидати за преземање, иако г-дин Пезуто сé уште е под закана да го изгуби своето место во Хоторн, бидејќи броењето на гласовите уште не е завршено.

Гај му честиташе на премиерот Даниел Ендрјус и на Лабористичката Партија за нивната победа.

"Би сакал да им се заблагодарам на сите либерални членови кои што беа во последниот парламент. Тие беа најунифициран тим во Австралија ", рече тој.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top