Лидерска средба Заев - Мицкоски за Прочка во Владата

Утре вечер симболично на Прочка на средба во Владата премиерот Зоран Заев и претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицковски ќе се обидат да се помират и да постигнат договор околу клучните законите од реформската агенда..

Пред се’ околу законот за Специјалното јавно обвинителство. Заев вели барањата на опозицијата нема да ги коментира однапред, ќе почека изворно да ги слушне од опозицискиот лидер.

Мицкоски во интервју пред два дена рече дека на средбата ќе истакне дека специјалната обвинителка Катица Јанева не ја оправда дадената доверба, дека е потребна лустрација на сите политичари во изминативе три децении и утврдување на потеклото на нивниот имот.

Според Заев, нема потреба од одржување на лидерска средба во поширока состав

Инаку, Заев денеска учествуваше на Традиционалниот марш на форумот на жени на СДСМ под мотото „Еднакви, можеме“. Тој порача дека жените се клучни за напредок во државата и дека ќе продолжи да биде дел од ваквите маршеви се’ додека не се постигне еднаквоста меѓу мажите и жените. Пред жените социјалдемократки тој одговори и на критиките од опозицијата.

Се обрати и Мија Јаворник од Партијата на европски социјалисти (ПЕС жени) на учесничките на маршот им порача  дека се потребни жени кои инспирираат и кои ќе го трасираат патот на Севрерна Макеоднија во ЕУ и НАТО. Пред учесниците во маршкот говореше и кандидатот за претседател на СДСМ и коалицијата, Стево Пендаровски.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top