Лидерската средба заврши без договор за датумот за изборите

Политичките лидери, по тричасовниот состанок кај претседателот Стево Пендаровски, не успеаја да се договорат за датумот за организирање предвремени парламентарни избори..

Додека лидерот на СДСМ, Зоран Заев смета дека датумот на изборите ќе се дефинира со крајот на вонредната состојба, многу од останатите лидери на состанокот рекоа дека треба да се почекаат и проценките на Комисијата за заразни болести, Државната изборна комисија и претставниците на ОБСЕ / ОДИХР за мониторинг на процесот.

Али Ахмети, претседател на ДУИ: „Ние сме во воена состојба со невидлив и непознат непријател што го загрозува животот на секој граѓанин. Сè додека сме во војна, генералите го имаат зборот. А во овој случај, нашите генерали се научните тимови, медицинските тимови, лекарите, епидемиолозите… “

„Верувам дека имаме консензус за едно прашање. Прво е здравјето на граѓаните, но од друга страна мора да бидеме многу внимателни во однос на здравјето на општеството и државата. Мора да воспоставиме парламентарна демократија и изборите мора да се одржат. Верувам дека секој од политичките актери ќе го земат в предвид фактот дека изборите ќе се одржат во време кога влијанието на вирусот е помало “.

„Правната регулатива во врска со организацијата на изборите е регулатива за вообичаени услови, нормални услови. Затоа, побаравме на состанокот да разговараме за вонредните правила и мерки што ќе се применуваат на овие избори, со единствена цел сите политички субјекти кои учествуваат на овие избори, да бидат подготвени да го прифатат изборниот резултат “.

Од кабинетот на претседателот рекоа дека на почетокот на наредната недела ќе има нова лидерка средба на која се очекува да се одговори датумот за избори. До тогаш треба да стигне извештајот од Комисијата за заразни болести, мислењето од ДИК, а премиерот Оливер Спасовски ќе побара одговор и од мисијата на ОБСЕ/ОДИХР за нивната подготвеност за мониторирање на изборниот процес.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top