„Листа српска“ бара да биде политичка партија

Членот на Централната изборна комисија на Косово Ненад Рикало, потврди дека граѓанската иницијатива „Листа српска“ до Комисијата доставила барање да биде трансформирана во политичка партија..

Барањето за регистрација на „Листа српска“ како партија го доставил Славко Симиќ.

– Оваа иницијатива е поддржана од повеќе од 1.650 лица, вклучувајќи пратеници, претставнци во владата, претседатели на општини и други лиц, изјавил Рикало.

Тоа, смета тој, потврдува дека „Листа српска“ има сила и авторитет да биде присутна со целосен капацитет во Косово.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top