Ливерпул го носи „новиот“ Нејмар: Пристига 17-годишен Бразилец

Актуелниот европски првак Ливерпул и моментален лидер на Премиер лигата веќе крои планови за летниот преоден рок..

Како што јавуваат островските медиуми, Јирген Клоп во екипата сака да го ангажира 17-годишниот Бразилец Талес Магно кој веќе стандарден првотимец на славниот Васко де Гама.

Талес Магно важи за најдобар играч на кадетската репрезентацијата на Бразил (У-17), па не би имал проблем во добивање на работна дозовла.

Во неговата татковина веќе го споредуваат со Нејмар, а во Ливерпул и оди од рака што Васко де Гама е во финансиски проблеми. За овој играч интерес пројави и Бенфика но нивната понуда од 2.8 милиони евра беше одбиена.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top