Ливерпул, сега или никогаш: Вакво нешто досега немало во Премиер лигата

Ливерпул е како казнена експедиција во англиското првенство оваа сезона, освои максимални 15 бода по првите пет кола и има гол-разлика +11..

Но, изненадува, поточно разочарува Манчестер Сити кој досега направи два кикса и загуби пет бода – два од Тотенхем на домашен терен и три од Ватфорд на гости. Како последица на тоа разликата меѓу првопласираните две екипи во моментов изнесува пет бода.

Тоа е највисока разлика по пет одиграни кола во историјата на Премиер лигата. Никогаш досега не се случило првите две екипи да бидат толку разделени во оваа фаза од првенството, па и не чуди што Пеп Гвардиола веќе му ја честита титулата на својот најголем ривал.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top