Ливерпул во паника: Колку е повреден Салах?

Египетскиот репрезентативец Мохамед Салах не го доигра натпреварот против Лестер кој беше тензичен и исполнет со инциденти..

Над него во судиското продолжение стартуваше Хамза Чудури по што Салах едвај излезе од теренот. Уште не е познато дали и колку ќе отсуствува еден од најдобрите фудбалери во Премиер лигата, но добро е тоа што претстои пауза во Премиер лигата поради репрезентативните настапи и Салах ќе има време да заздрави.

Следен меч на Ливерпул е дербито со Манчестер Јунајтед на Олд Трафорд по што следува и дуел од Лигата на шампионите.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top