Ливерпул загриза - доаѓа фудбалер, производ на Ла Масија

Откако, наводно, се откажа од трансферот на Тимо Вернер, Ливерпул планира да тргне по фудбалерот на Вулверхемптон, Адама Траоре кој игра одлична сезона во дресот на „волците“..

Шпанскиот фудбалер со потекло од Мали е производ на познатата школа на Барсеона, Ла Масија, но за сениорскиот тим на каталонскиот гигант одигра само четири натпревари во периодот од 2013 до 2015 година. Потоа беше продаден на Астон Вила, настапуваше и во Мидлсброу пред да се пресели во Вулверхемптон.

Оваа сезона постигна четири гола и оствари седум асистенции, а се истакна во вториот дел од прекинатата сезона кога беше незапирлив за своите чувари. Вулверхемптон за него бара 65 милиони евра што е единствен проблем во преговорите бидејќи таа сума е превисок за 24-годишниот фудбалер кој досега не се истакнал во поголем клуб.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top