“ЉУБЧО ГЕОРГИЕВСКИ ДА БИДЕ НОВ ЛИДЕР НА ВМРО ДПМНЕ”

Екс претседателот на Достоинство во изјава за „Канал 5“ за оставката на Груевски вели дека задоцнил, дека ова е изнуден потег од негова страна, меѓутоа добар потег за партијата ВМРО-ДПМНЕ..

Запрашан за нов лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Ангелов како поранешен член на ВМРО-ДПМНЕ вели:

„Имам една перцепција дека во ВМРО-ДПМНЕ настана еден тежок судир меѓу старите вмровци и новопечените вмровци. Ваквата состојба може да се надмине со лице со силен авторитет како што е Љубчо Георгиевски, кој е основач и прв претседател на партијата. Тој со неговиот авторитет може да направи помирување меѓу старите вмровци и новодојдените“ - вели Ангелов.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top